петок, 28 декември 2007 г.
понеделник, 24 декември 2007 г.
сабота, 22 декември 2007 г.
понеделник, 17 декември 2007 г.
вторник, 27 ноември 2007 г.
недела, 11 ноември 2007 г.
понеделник, 5 ноември 2007 г.
петок, 26 октомври 2007 г.
Слатки на “жими мајка”

„Да пукнам ако лажам дека се тазе. Жими двете деца кои ми се родија после десет години„ -.вака регираше еден од продавачите на слатки на Скопски Бит Пазар на нашето прашање зошто нема датум на производство на опаковката на еклерите. Топло е. Во Скопје тој ден беа измерени 22 степени целзиусови, но тоа не им смета на пазарџиите да ги продаваат слатките кој треба да се чуваат на температура до 4 степени. Малите тулумби и еклери се сместени по 10 парчиња во тацна од „морска пена„ и завиткани со целофан. Најголемиот дел од нив нема етикета на производителот. Врз нив рој оси се гостат од шербетот на слатките. Еден од продавачите ни вели дека 4 години продавал на исто место и немал никаква негативна реакција од потрошачите.
„Ако сакаш гаранции оди во слаткарница„ вели нервозно тој.
Продажбата на слатки по пазарите во Скопје почнува во средината на октомври и трае до средината на април секоја година. Другите месеци е премногу топло за да се излезе на пазар со вакви производи.
Нелегално производство на слатки
Mногу тешко најдовме соговорник за продажбата на слатки по пазарите. Нашите прашања ги правеа нервозни и претпазливи продавачите. Нашата соговорничка (35 години) која инсистираше да остане анонимна за да нема проблеми со инспекцијата, ја сретнавме пред пазарот во Чаир. Секој ден за Рамазан од багажникот на својата „Лада Самара„ продава по 500-600 тулумби.
„Повелете тулумби за 7 денари„- ги кани таа муштериите со својата широка насмевка на искусен трговец. 4 години продава на овој пазар и вели дека досека никој не се пожалил на квалитетот на слатките.
„ Мислиш дека луѓето се будали да купуваат од моите слатки ако се расипани„ –разлутено реагира таа на нашите прашања. Слатките стојат во еден длабок метален сад и не се покриени со ништо. Прашината што се крева од возилата кој проаѓаат до нејзината Лада и пчелите кој лазат на тулумбите не и сметаат. Ова не му смета ниту на Музафер Хасани. „Секој ден купувам тулумби за ифтар. Убави се како да се домашни. Не ми смета што тулумбите се продаваат вака на отворено. Убави и тазе се- вели тој и купува 20 парчиња. Таа ги става тулумбите во кеса и ги посипува со шербет кој стои во друг метален сад.
„Редовен муштерија „-ни вели задоволно таа и му ги подава тулумбите на Музафер .Тулумбите „одат како алва„. Се ближи време за ифтар. Пазарот полека се празни. Во длабокиот сад остануваат уште 50-тина тулумби. Нашата соговорничка и маж и се редовно вработени и ова им е споредна дејност. Имаат работилница каде работат со порачки, а дел од производството сами го продаваат. По потреба ангажираат и работници. Дневно произведуваат по 3-4 иљади парчиња. Немаат регистрирано фирма. Целиот бизнис го вршат илегално.„Кој како се снајде. Зарем сите во државата плаќаат данок. Досега немав проблеми со испекцијата„ – ни вели таа смеејќи се.
Легалното производстово на слатки е загрозенo
„Благодарејки на милата ни наша држава која не превзема ништо ќе го напуштиме производството на слатки и ќе се орентираме на друг бизнис„-се жали на нелегалниот слаткарски бизнис Игор Стојановски (34 години) еден од сопствениците на Компанијата Стојановски од Скопје . Со Игор се сретнавме во неговата слаткарница “Слатка Магија” на Рузвелтова. Слаткарницата е мала но убавао уредена. Нема маси туку само еден мал шанк до прозорецот со 3 столици. Пред затварање е па во стаклените фрижидери има неколку кроасани и по една тепсија еклери и тулумби. Компанијата во својата работилница произведува околу 17 иљади парчиња разни видови слатки дневно. До мај оваа година просизводството било двојно поголемо. Компанијата имала 12 вработени но поради падот на производството сега има само 8 вработени. Оваа компанија како семеен бизнис почнува со работа во 1992 година и е еден од првите мали фирми кој започна производство и дистрибуција на евтини слатки по продавниците . „За овие 12 години не сме имале труење со слатки. Ако требаше фрлавме слатки само за да не се случи тоа- вели тој. Компанијата Стојановски го дистрибуира производство по продавници. Доколку се држат на 4 степени еклерите траат 5 дена а тулумбите 15 дена . Во потопли простории слатките се подложни на брзо расипување.
„Им велиме да ги држат слатките во фрижидер но некои од нив ги држат слатките надвор. Не им продаваме на трговците од Бит Пазар. Не знам зошто но тие бараат слатки без етикета „ вели Игор.
Квалитетот на евтините слатки е послаб
Тулумбите и еклерите кој во слаткарница се по 30 денари и малку се поголеми од слатките кој се продаваат по продавниците по 10 денари. За да се произведат во домашни услови 30 тина тулумби од средна големина потребни се 300 грама брашно тип 400, 4 јајца, пола пакување пециво, 1 кг шекер за шербет, 15 грама маргарин, пола килограм зејтин и 300 милилитри вода. Целата работа на подготовка не трае подолго од еден час. „Тулумбите кој ги правам дома се дупло поевтини од оние во продавница а и многу се повкусни. „- ни вели Суаде Ахмет (68 години) домаќинка од Скопје. Игор Стојановски вели дека за да се постигне добивка од 30 насто, цената на суровините треба да биде 3.5 пати поевтина од продажната цена на слатките. Другите трошоци се плати за вработените, дистрибуцијата а имало и доста фрлање на слатки кој нема да се продадат. За да се постигне цената од 5 денари за малите слатки и од 10 денари за големите слатки се штеди на јајца, шекер, млеко, маргарин и се користат поевтини суровини. „Еклерите и тулумбите во слаткарниците и дома произведените се многу поквалитетни од оние кој се продаваат по продавниците и на пазарите. Инаку не би биле така евтини„ – вели Игор Стојановски.
Државата немоќна да воспостави ред на пазарите
„Тоа е работа на полицијата. Ако тие ги узурпираат тротоарите пред пазарите тоа е узурпирање на јавниот ред. Ние не сме опремени за да се справиме со тоа„ вака регираше Кате Стојановска, раководител на подрачното одделение за инспекциски надзор во рамките на Дирекцијата за храна, на нашето прашање како државата се справува со продажбата на слатки на пазарите. Кате Стојановска вели дека проблем е тоа што продавачите се физички лица, не се регистрирани во судовите и не даваат податоци на лице место. Дирекцијата за храна во рамки на Министерството за здравство од јануари 2005-та година е надлежна за безбедноста на храната. Оваа дирекција и вработените произлегуват од државниот санитарен и здравствен инспекторат. Одделението за инспекциски надзор во дирекцијата кое се грижи за Скопје, Куманово и Велес има 14 инспектори. Во дирекцијата велат дека ова е недоволно да се контролира ова големо подрачје. Лидија Дамевска раководител на одделението за анализа и проценка на ризик вели дека треба да се работи на подигање на свеста на потрошачите. „Тоа што е недеклариран производ е небезбеден производ. За тој производ самиот потрошувач треба да е свесен дека не треба да го купува„ вели Дамевска.
Пет труења со храна за две недели
„ Работите одат кон подобро во производството на слатки„ вели Лидија Дамевска, раководител во Дирекцијата за храна. Според Дамевска постои систем на самоконтрола во производството на храна. Производителите договорно секој месец праќаат мостри до градските заводи за здравствена заштита и ги вршат здравствени прегледи на вработените секој 6 месеци.Казните за непочитување на пропишаните услови се од 40 до 240 иљади денари за правно лице и од 10 до 30 иљади денари за одговорно лице во фирма . Најтешка казна за производителот е забрана за вршење на дејност од 3 месеца до 1 година.
Извештајот на дирекцијата за првите шест месеци oд оваа година најдобро говори за тоа какви се состојбите во производството и прометот на храна.
Според овој извештај извршени се 4863 контроли и издадени се 2947 решенија за остранување на недостатоци.
Поради минимални хигиенски услови, неизвршени здравствени прегледи на вработените кој манипулираат со храната , позитивни наоди, неизвршени дезинсекции и дератизации на објектите согласно законската регулатива затворени се вкупно 136 објекти. Поради неизвршен лекарски преглед остранети се 1833 вработени. Од испитани 2050 мостри, 235 не одговараат на законски предвидениот квалитет, 151 мостри се со бактерија коли и салмонела и 84 мостри се хемиски неиправни и без соодветна декларација. Лидија Дамевска раководител на одделението за анализа и проценка на ризик вели дека во периодот од 31 Јули до 13 Август кога поради топлото време е најголем ризикот, имало 5 труење од храна. Во овој период од 14 дена се случило само едно труење со слатки се фалат во дирекцијата На свадба во Куманово 95 гости се затруле од колач „Панкерка„, во која е пронајдена бактерија салмонела. Во извештајот на Дирекцијата нема бројки за состојбите со „сивата“ економија во производството и прометот на храна.Во сите меѓународни извештаји за Македонија, „сивата„ економија се проценува на 40 насто од Бруто Домашниот Производ.
четврток, 25 октомври 2007 г.
среда, 24 октомври 2007 г.
вторник, 23 октомври 2007 г.
50 години неписмени

Карбинци порано беше дел Од Штип а од 1996 година е самостојна општина.
Сакаме да одиме за селото Габер.Бидејќи патот за селото е лошж го оставаме возилото со кое тргнавме од телевизија во село Радања и патувањето го продолжуваме со џип.
На неколу места патот ни го пресекува река. Ова река во летните месеци пресушува па зота локалното население ја нарекол Сува Река. Името нека не ве залажува бќдејќи Сува Река често станува излеана река.Посебно во зимските месеце е многу тешко да се помине по овој пат.
Дури ни бранатa која ја видовме по патот не може да ги спречи надојдените води.
Габер е само 6 километри оддалелечено од Радања. По 20 минутно возење дојдовме до селото. Во габер живеаат 7 домаќинства. 40 години во селото нема школо иако Уставот предвидува задолжително образование. Во селото има 6 деца на впзраст од 7 до 15 години. Тие како и нивните родители не се образовани.
Мумин Демир
14 години
- Дали знаеш математика. На крај краишта би требало да знаеш сметање. Колку се 8 плус 7?
- 8...6 јас незнам толку бидејќи не сум учел.
- Знаеш ли да броиш?
- Знам да бројам
- Доколку знаеш да броиш?
- Би можел да бројам до 50.
50 години децата во селото растеа без школо, се женеа, имаа деца и нивните деца повторно не одеа во школо.На нашето прашање зошто децата во габер не одат во школо надлежните за спроведувањето на задолжителното образование предвидено со Уставот ни одговорија дека не знаат никој до нив не се обратил.
Панчо Арсов
Директор на Д.О.У. „Страшо Пинџур“
-Единтвен проблем е тоа што слушам дека во селото Габер живее едно семејство . Не се обратија до нас. За образованието на нивните деца тир не побараа помош од нас. Незнам колку домаќинства и деца живеат во селото. Ние како надлежни за децата од другите 4 турски села целосно ги опфативме со основно образование од прво до осмо одделение.-
Селаните се занимаваат со сточарство и тутунарство.Вос елото има водовод но бидејќи нема пат тешко се заработува од земјоделството.Необразованото население често пати е жртва и на злонамерните трговци. Поради ова тие сакаат образование за своите деца,
Јашар Демир
-Сакате ли да има школо
-Сакаме, сакаме. Ако неможат да направат школо нека направат пат за да децата можат да одат во школо.-
Порано ова село живееле 70 домаќинства. Имало школо и џамија. Поради миграцијата во 50- тите години бројот паднал на 5 домаќинства. После тоа повторно се опоравило и бројот на домаќинства се зголемил на 20. последното големо мигрирање сњ случило во 1989 година. Бројот на домаќинства повторно паднал на 5. Жителите кој преостанале во селото од другите села земале невести и продолжиле да живеат во селото. Со намалувањето на жителите се намалил и интересот на надлежните.
Борис Гаврилов
Градоначалник на Општина карбинци
-Незнам колку деца живеат во селото.Колку што ми е познато децата со години не одат во школо. Од 50-тите години па наваму децата не одат во школо. Предвидено е ови деца да одат на школо во село Оџалија но треба да ја поминат реката. Во зимските месеци реката се излева и не можат да поминат. Бидејки се работи за планински предел треба да изодат пат полн со угорнини. Поради ова родителите не ги пуштаат своите деца.Еден или еден ипол саат одење по планините и поминувањето на реката е посебно тешко за женските деца. Посебно за женските деца. Не одат во Оџалија. Можеби е потребно да ги однесеме децата на школо во Радања.Потребно е да направиме едно истражување и да обезбедиме превоз.Подобро е да одат во радања.Нвозможно е да одат во Оџалија. За Оџалија нема пат па само се оди со коњ или пешки.-
Во Македонја ima 63 500 неписмени .На ниво на држава процентот на неписменост е 3,6 насто, со што Македониа е во групата земји со највисока стапка на неписменост. Во општина Карбинци стапката на неписменост е скоро 4 пати повисока од националниот просек.Жителите на село Габер само затоа што не можат да ја поминат Сува река, 50 години не научија да пишуваат и читаат.
Забелешка:Репортажата Заборавени ја освои втората награда за најдобра истражувачка сторија објавена во 2006 година, кокја традиционално ја доделува Македонскиот институт за медиуми. Министерството за образование донесе одлука да се обезбеди превоз за децата и да од 2007 година почнат конечно да учат.
Невеста за 3000 евра
По 40 минутно патување од Штип стигнавме во селото Пирнали. За да се стигне во ова турско село се користи асфалтиран пат кој е тесен но во добра состојба. Селото има 35 куќи, а населението живе од стoчарство и тутунарство. Ниската цена на тутунот и честата појава на бруцелозата уште повеќе го отежнува животот на селаните.
Иако населението има проблеми со живеачката младите момчиња од селото при женидбтата мораат да плаќаат пари за невестата.
Ако нема 3000 евра да се плати невестата не се дава девојка, па младите момчиња се принудени да останат ергени.
-Мерхаба, може ли да дојдете поблиско. Дали можеме да ве запознаеме?
- Јас сум Нијази Мумин
-Што прават младите овде ?.
-Се бават со сточарство.
-Работат значи ?.Овде имате училиште до четврто образование. Колку вие учевте?.
-до четврто одделение
-не продолживте ?.
-не-
-Има ли овде ергени?.
-да
-Дали сте вие ерген?
(молчи)
Зошто има ергени ?.
-(се смее)
-поради парите што се дават за невестата ?
-ДА, да
- Колку пари ?.
-3000 евра
-вие собравте ли пари ?.
-Слабо
-Добро дали девојките се од ова село или пак земате невести и од други села ?.
-И од други села.
-Цените се исти секаде ?.
- Исти.
-Така ли ?
-Да
- Добро ако не се соберат пари, дали има случаеви да се земе бегалка?
-Има
-После што се случува?
-Пак ќе дадеш пари.
-Повторно пари.Што се случува ако не дадеш пари ?
-Ако не дадеш пари не можеш да живееш
-Дали има некој млад човек кој не дал пари , Дали има некој млад човек кој не дал пари?
-Нема
-Ти што ќе паравиш ?
-ќе ги соберам парите, што да правам
Парите од 3000 евра ја зема таткото на невестата и ни најмалиот дел од овие пари не се користи за помош на младиот брачен пар.
-Се викам Мумиш
-презимето?
-Мумин
-го завршивте ли образованието ?
- да го завршив
-сакам да ве прашам на колку години се мажат кај вас ?
-18,20,15 години како ќе им текне така се мажат
-вие колку години имате ?
-19 години
-Токму во таа доба сте, имате ли момче кое ви се допаѓа ?
-Има едно момче
-Ние дознавме дека овде се плаќа пари за невестата?.Највероватно татко ви ќе побара пари за вас?.
-Парите за невестата изнесуваат 20 златници, 6000 илјади марки, а прават и свадба.
-Младите како се забавувате тука ?
-Работиме тутун, одиме на свадби, излегуваме во селото, седиме
-Каде го видовте момчето ?
- на свадба го видов
-највероватно и ти мусе допаѓаш ?
-да ме видел на свадба и му се допаѓам, и јас го видов на свадба
-добро дали собрал пари ?
-не прашав( се смее)
- што се случува кога нема да се соберат пари.?
-чекаме една до две години, ама мојот скоро ги собрал парите
-нема ли случаи на земање бегалка ?
-има и земање бегалки, а има и доброволно давање на девојката од страна на таткото, најповеќе земаат бегалка.
-дали и тогаш плаќаат пари за невестата ?
-повторно собираат и плаќаат за невестата
-Значи исто е дали ќе земат бегалка или не ?
- да ако земат доброволно плаќаат, ако земат бегалка пак плаќаат
Во близина на Пирнали се наоѓа селото Кучица . Селото има 32 куќи а состојбите не се многу различни.
И во ова село при женидбите се плаќа пари за невестата. Негативните написи за плаќањето на невестите го вознемируваат населението. Посебно помладата генерација се залага да се промени овој обичај.
Изет Тахир вели:
-Плаќањето на пари за невестата е нешто што е поврзано со нас. Ние како Јуруци, а ние така се нарекуваме и не се срамиме од тоа. Ова не e многу раширено. Плаќањето на невестата се одвива во 5-6 села. На пример, во Селце и Тополница нема ваков обичај. Ова го има кај нас Јуруците.Ова е наша одлука. Ова не е државна одлука, ова останало кај нас. Има обичај да се дава пари за невестата.
-Имаше написи во Македонските медиуми за вас, во смисла дека ги продавате девојките за пари. Што мислите вие за овие тврдења?- го прашувам Изет Тахир.
-Нема такво нешто. Ова е нешто што останало од нашиве татковци и дедовци. Како што сме виделе од нив, така и се трудиме да продолжиме. Ова не е само обичај ова е веќе традиција- одговра тој.
Засега во сите женидби без исклучок се плаќа пари за невестата .Можеби жената која вози трактор во селото, е првиот предвесник дека оваа состојба ќе се смени еден ден. Како што ни рекоа тоа е единствената жена кај Јуруците од овој регион, која вози трактор, што досега беше незамисливо.
Забелешка :Оваа репортажа доби пофалница од Македонскиот институт за медиум за придонес во развојот на истражувачкото новинарство.
Иако населението има проблеми со живеачката младите момчиња од селото при женидбтата мораат да плаќаат пари за невестата.
Ако нема 3000 евра да се плати невестата не се дава девојка, па младите момчиња се принудени да останат ергени.
-Мерхаба, може ли да дојдете поблиско. Дали можеме да ве запознаеме?
- Јас сум Нијази Мумин
-Што прават младите овде ?.
-Се бават со сточарство.
-Работат значи ?.Овде имате училиште до четврто образование. Колку вие учевте?.
-до четврто одделение
-не продолживте ?.
-не-
-Има ли овде ергени?.
-да
-Дали сте вие ерген?
(молчи)
Зошто има ергени ?.
-(се смее)
-поради парите што се дават за невестата ?
-ДА, да
- Колку пари ?.
-3000 евра
-вие собравте ли пари ?.
-Слабо
-Добро дали девојките се од ова село или пак земате невести и од други села ?.
-И од други села.
-Цените се исти секаде ?.
- Исти.
-Така ли ?
-Да
- Добро ако не се соберат пари, дали има случаеви да се земе бегалка?
-Има
-После што се случува?
-Пак ќе дадеш пари.
-Повторно пари.Што се случува ако не дадеш пари ?
-Ако не дадеш пари не можеш да живееш
-Дали има некој млад човек кој не дал пари , Дали има некој млад човек кој не дал пари?
-Нема
-Ти што ќе паравиш ?
-ќе ги соберам парите, што да правам
Парите од 3000 евра ја зема таткото на невестата и ни најмалиот дел од овие пари не се користи за помош на младиот брачен пар.
-Се викам Мумиш
-презимето?
-Мумин
-го завршивте ли образованието ?
- да го завршив
-сакам да ве прашам на колку години се мажат кај вас ?
-18,20,15 години како ќе им текне така се мажат
-вие колку години имате ?
-19 години
-Токму во таа доба сте, имате ли момче кое ви се допаѓа ?
-Има едно момче
-Ние дознавме дека овде се плаќа пари за невестата?.Највероватно татко ви ќе побара пари за вас?.
-Парите за невестата изнесуваат 20 златници, 6000 илјади марки, а прават и свадба.
-Младите како се забавувате тука ?
-Работиме тутун, одиме на свадби, излегуваме во селото, седиме
-Каде го видовте момчето ?
- на свадба го видов
-највероватно и ти мусе допаѓаш ?
-да ме видел на свадба и му се допаѓам, и јас го видов на свадба
-добро дали собрал пари ?
-не прашав( се смее)
- што се случува кога нема да се соберат пари.?
-чекаме една до две години, ама мојот скоро ги собрал парите
-нема ли случаи на земање бегалка ?
-има и земање бегалки, а има и доброволно давање на девојката од страна на таткото, најповеќе земаат бегалка.
-дали и тогаш плаќаат пари за невестата ?
-повторно собираат и плаќаат за невестата
-Значи исто е дали ќе земат бегалка или не ?
- да ако земат доброволно плаќаат, ако земат бегалка пак плаќаат
Во близина на Пирнали се наоѓа селото Кучица . Селото има 32 куќи а состојбите не се многу различни.
И во ова село при женидбите се плаќа пари за невестата. Негативните написи за плаќањето на невестите го вознемируваат населението. Посебно помладата генерација се залага да се промени овој обичај.
Изет Тахир вели:
-Плаќањето на пари за невестата е нешто што е поврзано со нас. Ние како Јуруци, а ние така се нарекуваме и не се срамиме од тоа. Ова не e многу раширено. Плаќањето на невестата се одвива во 5-6 села. На пример, во Селце и Тополница нема ваков обичај. Ова го има кај нас Јуруците.Ова е наша одлука. Ова не е државна одлука, ова останало кај нас. Има обичај да се дава пари за невестата.
-Имаше написи во Македонските медиуми за вас, во смисла дека ги продавате девојките за пари. Што мислите вие за овие тврдења?- го прашувам Изет Тахир.
-Нема такво нешто. Ова е нешто што останало од нашиве татковци и дедовци. Како што сме виделе од нив, така и се трудиме да продолжиме. Ова не е само обичај ова е веќе традиција- одговра тој.
Засега во сите женидби без исклучок се плаќа пари за невестата .Можеби жената која вози трактор во селото, е првиот предвесник дека оваа состојба ќе се смени еден ден. Како што ни рекоа тоа е единствената жена кај Јуруците од овој регион, која вози трактор, што досега беше незамисливо.
Забелешка :Оваа репортажа доби пофалница од Македонскиот институт за медиум за придонес во развојот на истражувачкото новинарство.
Долина на волците

Во селотo Раданја општина Карбитси има 170 куќи. Во 40 куќи живеат Турци а остатокот се Македонци. Порано ова село било со мнозинско турско население.Миграцијата во Турција која започнала во 50-тите години од минатиот век го испразнило селото.
Во Раданја ги сретнавме деецaта од Оџалија и Курфалија кој се враќаат од училштето во Карбинци. Овие деца кој во 21’от век живеат во Македонија се приморани два пати на ден пеш да го изодат патот од Раданја до Оцалија во должина од 12 километри.
ецата мораат на ден да изодат вкупно 24 километри за да го остварат своето право на 8 годишно основно образование, кое во нашава земја е законска обврска.
- Како се викаш?
- Се викам.Сулејман Хусејин од село Оџалија
- Каков ученик си?
- Добар
- Има ли петки?
- Има
- Сто посто има?
- Да
- Можеш да учиш?
- Да
- Не се уморуваш од ова одење пеш?
- се уморувам
- се будиш рано, се уште е темно се плашиш ли од ова патување?
- не
- одиш во група со другите деца и затоа не се плашиш ?
- Да
- Добро ти како се викаш?
- ...Гурсел Мали од село Курфалија
- Каков ученик си?
- Добар
- Кое оделение си ?
- Пето
- Касните ли на школо или пак стигнувате на време?
- Стигнуваме
- Имате ли некој поинаков третман . Сепак вие сте Оџалија, малку повеќе се уморувате, доаѓате од поодалеку. Или пак ве третираат како и другите деца?
- Исто
- - Имаш проблеми со Македонскиот јазик?
- Не
- Никакви. Добро во селото учеше турски нели. И таму беше добар ученик.?
- Да
- Твоето име?
- Гулџан Сулејман од село Оџалија. Одам во шесто одделение
- Каков ученик си?
- Добар ученик сум
- Ке продолжиш со образование по 8-мо одделение?
- Сакам но ќе видиме што ќе биде.
- Што велат татко ти и мајка ти за продолжувањето на твоето школување.?
- Па и тие сакаат да одам
- Ги оптоварува ли парично нив ова?
- Да
- Дали помагате дома по школо?
- Да понекогаш помагаме, кога ќе ни завршат часовите, ако можеме.
- Како помагате?
- Носиме вода. Метеме и така
- ..Јас сум Изет Осман
- Кое одделение си?
- Шесто
- Дали си добар ученик?
- Средно добар сум
- Средно добро.Изгледа имаш и тројки.?
- Имаш единици?
- Да
- Зошто имаш?
- .Не учам затоа.
- Значи не е од патот туку не учиш . Ако човек сака може да учи нели. ?
- Да
- Добро ќе ги поправиш ли единиците,
- Да
- Ја сум Вели Рушит
- Кое одделение си?
- петто
- Каков ученик си?
- Добар
- На сабајле се будиш лесно?
- Да
- Во пет саатот и лено се будиш?
- Да се навикнавме веќе
- Не се плашиш на сабајле ?
- Не не се плашам
- Не е ли темно.? Може ли да ви излезе волк?
- Не
- Нема ли волци?
- Нема
Нема пат, па до селото може да одиме само со џип. Во ова подрачје, во утринските часови температурата падна на минус 15 степени.. Ние со џип а децата пеш одиме кон селото.
Делот од патот во должина приближно од еден километар е асфалтиран. Селаните од Оцалија го обвинија градоначалникот дека ветил 3 километри пат а асфалтирал само 800_то метри. Остатокот од патот во должина од 10 километри не е асфалтиран затоа споро напредуваме. Во некои делови дури џипот тешко се искачува.
По пат се сретнуваме со ловци на волци. Децата велат нема волци ама ова подрачје целосно наликува на волчја долина.
-Здраво.Да ве запознаеме.?
-Ја сум Илијаз од Оџалија
-Каде вака ве гледаме со пушки?
-Излеговме на лов на волци.Слушнавме дека има волци но не најдовме ништо досега. Има доста волци сега шетаме по планините.
-Волците прават ли штета на добитокот.?
-Прават штета на добитокот. На малиот малиот добиток прават штета.-
- Претходно се сретанавме со децата од Оџалија кој одеа пеш. Ги прашав имали волци велат нема.Вие велите има?
- Што знаат децата.Тие немаат видено волк,
-Не ги напаѓаат ли луѓето?
-не сме слушнале досега дека нападнале луѓе ,но го напаѓаат добитокот.
По патување од еден час пристигнавме во Оџалија.Денешниот улов на ловците се состои од 2 волка од средна големина.
20 минути по нас децата здрави и живи доаѓаат во селото.Незнаеме од кои причини но досега овие деца досега не ги нападнал волк.
-Од прво до четврто децата учат во Оџалија после тоа продолжуваат во Карбинци. Дали има деца кои по осмо одделение одат во гимназија?
-Има.Нашите деца по образованието тука продолжуваат во Карбинци и тоа испешно.Горе долу нај успешните ученици од овој регион произлегуваат од ова школо.Децата по осмо одделение продолжуваат во гимназија. На пример 2 –3 деца во Штип учат гимназија.Две три има кој учат гимназија во Турција.Имаме деца на факулте. Во тетово во средно медицинско имаме деца.Таму учат успешно и ние сме горди на ова- ни одговори учителот во селото Исмаил Хусејин .
Од 27 населени места во општина Карбинтси десет се Турски села.Во пет села има школо до четврто одделление . Во другите села живеат мал број на луѓе. Децата од сите села образованието од 5-то до 8-мо одделение го продолжуваат во основното училиште Страшо Пинцур во Карбинци.Директорот на училиштетовели дека освен неколку деца од Габер кој не посетуват настава сите други ушеници се опфатени со основното образование.
Што прави државата за да учениците од Оџалија не одат 24 километри пеш е прашањето кој му го поставивме на директорот на училиштето.
Директор на ДОУ Страшо Пинџур Панче Арсов вели:
-Децата од Оџалија и Курфалија престојуваат во Радања.За оваа цел Министерството за образованије на секое дете дава по 3000 денари.. Незнам зошто ама родителите не дозволуваат децвата да престојуваат во ова село и дозволуваат да одат пеш Оцалија до Радања.Од Радања до Карбинтси е обезбеден автобуски превоз.Станува збор за незаинтересираност на родителите,Ние обезбедивме и мало комби ама тие не плаќаа за комбито. Инаку овие пари ги обезбедува министерството.
Така децата продолжија на школо да одат пешки .
Во селото Оџалија има 20 куќи : Селаните се бават со тутунарство и сточарство.Селото се наоѓа на 1400 надморска висина . Тука животот е тежок. Поради тоа што има малку земја во 50-тите години луѓето почнале да се селат во Турција. Последните години селаните почнале да се селат во соседното село Радања каде има подобри услови за живот.
Селаните од Оцалија потребите за вода ги подмируваат од една чешма. Во селото нема водовод, Во летните месеци секнува водата и од единствената чешма во селото.Покрај чешмата сретнавме 2 жени кој перат надвор на -15 степени.
-Вие немате чешми дома.Ова е вашата селска чешма?
-да селска чешма
-Не ви е тешко на овој студ да перете?
-Тешко е ама што да правиме, мораме
- Има ли други чешми во селото?
-Во селото нема друга вода
-сите потреби ги подмирувате од оваа чешма?
-Да и за луѓето и за добитокот се од тука земаме.
- Дали водата е чиста.ја проверивте ли?
-Да имаме многу добра вода
-Така ли?
-Водата е добра но не стига во лето
-Немате вода во лето?
-Има недостаток
-Што правите тогаш?
-Се караме, се тепаме , што да правиме
Во селото нема пат и водовод. Поголемио број е со лоша материјална состојба .Нема друга работа освен тутунарство и сточарство.Има малку земја за работа. Од државното земјиште кое се дава на социјално загрозените селаните не се офајдиле.Од овие причини.селаните не се задоволни од градоначалникот на Карбинци.
-Сега сме дел од општина Карбинци и бирекол дека нула посто сум задоволен од работата на општината.Значи не сме задоволни. Од сите ветувања што ги даде општината 100 посто не се исполни. Пред 5-6 месеци општината ни даде збор.До селото нема пат, немаме вода, електричната енергија се прекинува. Велат сме биле на високо место . понекогаш со недели нема струја. Имаме и проблеми со плаќањто на струјата.Требаше и ова да се реши .да почнеме со тоа што ни гп овети општината на селата Курфалија и Оџалија.Чекаме со години дека ќе ни се направи пат до селото. Имаше ветувања од пред 10-15 години. За жал ништо не се случи. Пред 6 месеци градоначалникот ни вети дека 3 километри пат ќе се направи за кратко време и дека пари се обезбедени. По еденипол месец рече дека ќе се преви 800 или 900 метри. Падна дури испод еден километар.
-ни кажа Хасан Али.
Го прашавме градоначалникот на општина Карбинџи Борис Гаврилов кој 8 години е на оваа функција го прашавме зошто досега не е направе пат до село Оџалија.
-Ние порано бевме дел од општина Штип. Штип не водеше сметка за руралното подрачје. Ова се одрази и врз Оџалија и Курфалија.Ние се соочивме со села кои немаат пат и водовод. Сите ваши констатации се точни. Ама дека се одвоени пари за 3 километри пат не е точно. За изградба на овој пат направивме проект кој ќе се реализира по фази.Првиот дел е 2900 метри и вториот дел е 6 километри. За да ги добиеме потребните пари учествувавме на тендер. Ние сме во повеќе партиски систем.Централната власт зависно од тоа кој е на власт дава на едните а не дава на другите.И ние се соочивме со ова.За патот добивме 3 милијона денари од агенцијата за неразвиени подрачја. Ова може да го покаже и камерата .За 3 милијона направивме 998 метри а не 800 метри. Направивме приближно еден километар.- ни одговори градоначалникот на општина Карбинџи Борис Гаврилов
Жителите на Оџалија за немањето водовод го обвинуваат градоначалникот.
-Обезбедивме донација за водоводот во Оџалија..Овие пари ги обезбеди Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка. Но нема вода.Ние бевме со стручнаци во селото.Баравме вода. Во селото живеат малку луѓе/ Имаме и малку пари..За 100 луѓе не можеме да потрошиме милијони.Има интерес за ова и луѓето од оваа невладина организација по еден месец повторно ќе дојдат во селото.Ние најдовме една чешма и оваа вода може да се донесе во селото. aмa селаните не ја даваат водата со образложение дека водата е за добитокот.Точно е дека оваа вода ја користи добитокот.Ако ставиве цевки за капацитет на вода од 100 или 200 литри ние знаеме дека водата ќе ја користат за бавчите и добитокот.Бо тој случај нема да стигне вода за луѓето и добитокот.Знаејќи за ова селаните не ја даваат водата.Ако ја дадат водата ние утре ќе почнеме со водоводот бидејќи парите се обезбедени.- вели Градоначалникот на општина Карбинџи Борис Гаврилов.
Селаните од Оџалија велат дека не се офајдиле од распределбата на дтжавното земјиште. Ова го потврдува и градоначалникот но вели дека за ова не одговорна општината туку министерството за земјоделие.
Градоначалник на општина Карбинџи Борис Гаврилов вели:
-Имаше тендер. Никој не се пријави.Никој нема регистрирано фирма ниту е регистриран земјоделец..Според законот потребно е да е регистриран земјоделец и да плаќа даноци.Да има регистрирано фирма и да обезбеди вработување.Поради ова не добиа земја. Порано земјата ја користеја не законски. Сега велат ни ја земаа земјата. Јас им велев да ја користат оваа земја бидејки 500 – 600 хектари не беа искористени. Оваа земја даде производ. Од ова имаше корист.Државата донесе одлука и земјата ја дадоа на тендер. Зејата ја добија оние кои учествуваа на тендерот. Селаните реагираа. Можда се во право.Еден дел од земјата требаше да се даде ним ама тие требаше да бидат регистрирани земјоделци.
Се збогуваме од Kарбинци. Во оваа општина голем дел од населението живее во лоши услови.До некои села нема пат. Во некои нема водовод, нема доктор,нема работа.Децата за да одат на школо пешачат по 24 километри.Во село Габер децата не одат во школо. Сето ова се случува во Македониај во 21 _от век.
Забелешка:Ова е превод на репортажата која ја објавив на програмата на турски јазик на МТВ во 2005 година.По репортажата Градоначалникот обезбеди превоз за учениците од село Оџалија.
Претплати се на:
Објави (Atom)

